Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
cool-mk.com
CooL-MK Ве поврзува со светот! Страна за дружење
CooL.MK Маркетинг
Рекламирајте се на CooL-MK Маркетинг!

Преземи RSS

 
 
 
 
 
Почувствуван земјотрес во Македонија
Земјотрес со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала-1998, е почувствуван попладнево во 14 часот и 38 минути во северниот дел на Република Македонија.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, информира дека епицентарот на земјотресот бил 120 километри северозападно од Скопје, а неговата јачина во жариштето изнесувала 4,8 степени според Рихтеровата скала.
 
 
 
 
 
Macedonia News на Facebook
 
 
 
 
 
Одбележани 138 години од раѓањето на Гоце Делчев Печати Е-пошта
Вести - Најнови Вести
Четврток, 04 Февруари 2010 21:15

Свечено во црквата св. Спас во Скопје денеска беа одбележани 138 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев.

Во рамките на одбележувањето, во организација на Меѓународната манифестација „Гоцеви денови“, Полошко-кумановскиот Митрополит г. Кирил одржа литургија на неговиот гроб во црквата св.  Спас.

На панихидата пред гробот на Делчев, митрополитот на Кумановско-полошката епархија Кирил рече дека векот што го векуваме и светот што го светуваме е заслуга на  вечниот Гоце Делчев.

За големината на неговото име и неговите дела говореше проф. Наташа Котлар.

„Секој од нас може да биде како него, ако не Делчев барем слично на него. Доволно е само како него да се презрее сето лично богатство во полза на татковината и да се напои душата со неговите човечки и општествени добродејствија“, рече проф. Котлар.

Таа потенцираше дека неговата порака „Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите“, рече дека секогаш ќе остане актуелна за интелектуалното зреење, но и општо делување и комуницирање, додавајќи дека почитта кон Делчев ќе биде вечна

Пред саркофагот на Делчев свежо цвеќе положија Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, делегација од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, министерот за одбрана Зоран Коњановски, министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, првиот претседател на самостојна Република Македонија Киро Глигоров и претставници на Собранието, на општини, здруженија и институции.

Револуционерот Гоце Делчев  е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш, а загина на 4 мај 1903 во село Баница, Серско. Организатор е на македонското револуционерно ослободително движење од крајот на 19. и почетокот на 20. век, учител, војвода и најзначаен раководител на ВМРО.
 


 
 
 
 
 
 

Сместување во Охрид