|
 Во работните простории на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов се одржа координација за текот на разговорите за надминување на разликите околу името со Република Грција. Дел нови, дел исти актери, претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, македонскиот преговарач во спорот, амбасадорот Зоран Јолевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и состанокот на поубава локација, на чист воздух во новиот Кабинет на Иванов, во вилата „Анекс“ на Водно. Во отсуство на информации, потсетување што за ова мислат добрите познавачи на проблематиката. Двојната формула замина во историјата, сега на сцена е разумниот компромис, но како до него, како тоа да му се испласира на Нимиц и дали и за другата страна ќе биде разумен компромис. Јасна е пораката од сите меѓународни фактори - се разговара само и исклучиво за името. Затоа бараат поголема флексибилност. До Нова година, околу Нова година ние мора да најдеме начин како ќе се пробие овој сега затнат канал со Грција и каков компромис ќе побараме. Тоа е наидено на еден прилично студен прием од македонска страна“, рече Сашо Ордановски. Преговорите кои ги води посредникот Нимиц веќе подолг период се во мирување. Се очекува средбите да се активираат по јунските избори за Европскиот парламент во Грција. Иако досега брифинзите од кај Црвенковски беа поводи за дополнителни недоразбирања на релацијата претседател-премиер, сега изгледа на државниот врв ќе му биде полесно, ќе се затворат сите можни славини за информации, за новинарите дополнителна да имаат мака што да информираат.
Ова е прва официјална средба, како дел од предвидените редовни координации на претседателот Иванов во однос на разговорите за надминување на разликите околу името со Република Грција, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.
|