|
|
|
|
|
 |
 |
|
 |
| |
|
Вести -
Најнови Вести
|
|
Вторник, 09 Март 2010 20:01 |
|
 Билатералните спорови не треба да го попречуваат евроинтегративниот процес и треба да се решаваат надвор од преговорите за членство во ЕУ, заклучија по денешната средба во Загреб шефовите на дипломатиите на Македонија и на Хрватска, Антонио Милошоски и Гордан Јандроковиќ. - Билатералните спорови кои се повеќе или помалку релевантни меѓу билатералните односи меѓу земјите-членки и земјите-кандидатки за членство не треба да претставуваат пречка во процесот на ЕУ интеграциите и не треба на тој начин да и штети на кредибилитетот на самата Унија и на европските интеграции во целина, изјави Милошоски. Тој истакна дека Македонија е подготвена за почеток на преговорите за членство во ЕУ и смета оти искуството на Хрватска ќе биде од голема корист за Македонија во тој процес. Милошоски смета дека во однос на регионалните прашања Македонија и Хрватска имаат блиски позиции и преку координиран пристап придонесуваат за унапредување регионалната соработка. Во врска со членството во НАТО, шефот на македонската дипломатија истакна дека Македонија ги исполни сите услови за влез во Алијансата, и иако формално се уште не е членка ги презема и исполнува сите обврски како да е дел од НАТО. - Иако Македонија се уште не е де јуре членка на НАТО, таа де факто е држава која ги исполнува сите критериуми и презема големи обврски околу ангажманот во мисиите на НАТО. Оваа година Македонија ќе го зголеми бројот на војниците во Авганистан, кој сега изнесува 170, за дополнителни 80 војници, за што веќе е добиена поддршка од Собранието, рече Милошоски. За него тоа е уште еден начин една држава, која е сериозен аспирант за членство да сноси голем дел од обврските на НАТО, како на регионален, така и на глобален план. Во однос на НАТО интеграциите, додаде Милошоски, Хрватска не е само наш пријател, туку и еден вид адвокат кој ги застапува интерсите на регионот и може значително да и помогне на Македонија да го заземе своето заслужено место и членство во Алијансата. |
|
Повеќе...
|
|
|
Вести -
Најнови Вести
|
|
Вторник, 09 Март 2010 19:56 |
|
 Жителите од Липково не можат да добијат азил на економска основа, ниту пак вработување и сместување во Белгија, беше порката што на градоначалникот на Липково Садула Дураку, денеска му ја пренесе државниот секретар за азил и имиграција Мелкиор Ватле. Тој дојде во Липково за да се увери каква е економската состојба во овој регион во државата и апелираше до надлежните институции преку разни проекти да вложат во економскиот развој на овие села. Во Белгија доаѓаат луѓе од овој регион, но информациите дека ќе добијат пари, куќа и работа во Белгија се погрешни. Не се вистинити. Ние не даваме азил од економски причини. Тоа треба да биде јасно, бидејќи доколку одлучат да дојдат во Белгија, ќе бидат жртви. Треба да се вратат тука и трошоците кои се направени за да дојдат од овде, не им обезбедуваат работа, куќа и пари. Треба да се вратат тука“, истакна Ватерле.
Градоначалникот на општина Липково, Садула Дураку, рече дека главните причини за заминувањето на Албанците од овој регион се социо-економските проблеми.
“Му го претставивме профилот на општината направен на три јазика, албански, англиски и македонски. Во профилот е и руралниот развој од 2009 до 2012 година, предвиден за општината. Известивме дека сите досегашни влади во Македонија не инвестираа во оваа општина и остануваме со надеж дека владата ќе се освести, но и ЕУ и оти ќе ù помогне на оваа општина и на оваа земја“, рече Дураку.
“Тоа што е за поздравување е дека сега општина Липково има спремни проекти кои се речиси за сите населени места во општината. Секако дека ние во соработка со општина Липково ќе можеме да поддржиме неколку од овие проекти врз основа на приоритетите кои ги има општината и ќе делуваме на ист начин“, изјави вицепремиерот Адеми. |
|
Повеќе...
|
|
Вести -
Занимливости
|
|
Понеделник, 08 Март 2010 22:46 |
|
Министерството за внатрешни работи идентификуваше осум лица кои учествуваа во саботниот инцидент на плоштадот „Македонија“ во кој беше повредено едно 11-годишно дете.
Најмладиот од идентификуваните е ученик во осмо одделение и е помал од 14 години, а најстариот е на возраст од 20 години. Петмина од нив, во текот на вчерашниот ден, во присуство на родителите и на инспектори за малолетничка деликвенција, се повикани на разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот против Д.К.(15), С.М.(15), М.З.(15), Д.С.(17) и Б.Ф.(19) ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека сториле крвично дело „насилство“. На службен разговор се повикани и другите три идентификувани лица и по целосното документирање и против нив ќе следува соодветен поднесок. Според досега документираните сознанија, до инцидентот дошло кога околу 16 часот група навивачи од фудбалскиот натпревар „Вардар“ – „Работнички“ се упатиле кон плоштадот „Македонија“ каде во близина на лизгалиштето, без никаков повод и причина, почнале вербална расправија со дел од лицата кои биле таму. Кусата вербална расправија продолжила со фрлање бетонски коцки и метални шипки кон лизгалиштето од страна на групата навивачи при што е повредено 11-годишното дете. Единствено 19-годишниот Б.Ф., од досега идентификуваните учесници, возвратил на провокациите, фрлајќи метална шипка кон навивачите. Повреденото дете е префрлено во Градската општа болница каде од страна на дежурниот лекар е констатирана расекотина на главата. Групата, по кратко време избегала со трчање кон ГТЦ, а потоа и кон паркот Жена. МВР продолжува да работи на случајот и на евентуално утврдување и на други инволвирани лица. |
|
Повеќе...
|
|
|
Вести -
Најнови Вести
|
|
Понеделник, 08 Март 2010 22:25 |
|
По повод планираната посета на охридскиот градоначалник на Австралија, сакаме да ја известиме Македонската заедница дека градоначалникот Александар Петрески го прогласуваме за PERSONA NON GRATА - непожелна личност .
Голема штета е и самата помисла да една ваква личност со нарушено реноме, да се сретне со овдешните македонски организации, здруженија и поединци од Македонската заедница. Г-динот Александар Петрески, градоначалник и член на тесното раководство на СДСМ, ја злоупотреби позицијата која му ја довериле граѓаните и неговата активност како градоначалник од досега стореното укажува на неговите стремежи и насочувања кон тоа ~ Да се откажеме од светото име Македонија а со тоа и од нашите браќа и сестри во Егејска, Пиринска и Македонците во Мала Преспа . ~ Да бараме помош од соседот Бугарија која не ја признава македонската нација и го краде нашето минато. Ако неговиот лидер Бранко Црвенковски сака да го промени името, а овој градоначалнк сака да го ‘продаде‘ Охрид на Бугарија, за чија постапка потврдува фактот за ‘барање помош‘ од бугарскиот Премиер во случајот со Охридското езеро. Затоа ние Македонците кои ја сакаме и почитуваме нашата вековна родна земја, Македонија, се прашуваме дали еден ваков одродник кој е член на една ваква партија, треба да доаѓа со уште неколку високи функционери и советници од СДСМ овде меѓу нас во Австралија. Браќа и сестри Македонци, ваквите личности не се пожелни и не заслужуваат место меѓу македонската дијаспора во Австралија. |
|
Повеќе...
|
|
Вести -
Најнови Вести
|
|
Недела, 07 Март 2010 15:53 |
|
 Процесот на евроинтеграциите е заедничка обврска на Европската унија од една страна и на Република Македонија од друга страна и ние сме подготвени да ја исполниме, изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски вчера во Кордоба, Шпанија, по завршувањето на дводневниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, т.н. Гимних (Gymnich). - Македонија е подготвена да го исполни својот дел од работата, да ги исполни реформите и да ја покаже својата конструктивност, желба и посветеност за надминување на некои прашања кои се испречуваат на овој пат, иако некои билатерални прашања, како што многу пати досега беше напоменато не се дел од релевантните критериуми за пристапното членство за една земја кандидат, рече Милошоски. Во рамките на ЕУ, како што нагласи Милошоски, има голем број земји кои би можеле да бидат од голема помош при нивното лобирање и залагање за нашиот почеток на преговорите, но како што додаде, тоа во многу зависи и од однесувањето на Грција во овој процес што нам ни е добро познато и кое засега нема некои суштински измени. Шефот на македонската дипломатија нагласи дека очекува во следниот период согласно заклучоците од минатогодишниот самит прашањето за статусот на Република Македонија и почетокот на преговорите да биде ставено на маса токму во време на шпанското претседателство. - Дали тоа ќе биде во март или во јуни зависи од претседателството и од самата атмосфера. Но она што може да се види е дека мнозинството членки на ЕУ ја препознаваат подготвеноста и зрелоста на Македонија да ги отпочне преговорите за членство и од друга страна дека почетокот на тие преговори не само за Македонија, туку и за регионот имаат позитивен одглас, рече Милошоски. |
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
|
Лист 1 од 98 |
|
|
 |
|
 |
|
|
|
|
|
|