Среда, 03 Март 2010 19:20
Загрижувачки е тоа што за краток период има три смртни случаи на родилки во Прилеп, вели министерот за здравство Бујар Османи прашан за тоа се презема околу случајот на 32-годишната Јасмина Богдановска која во понеделникот починала како последица на сепса во прилепското родилиште. Османи вели дека причините како дошло здрава родилка да почине ќе биде детално испитани, но тврди дека за катастрофалната состојба во здравството е виновно децениското запоставување.
“Јас можам да кажам само дека и како лекар кој доаѓа од јавното здравство и како пациент и корисник на услугите јас бев свесен за состојбата во која се наоѓа јавното здравство и пред да станам министер. Оваа не е од денеска, оваа состојба се провлекува низ сите овие декади како последица на едно повеќекратно систематско разградување и негрижа на системот“, изјави Османи.
Османи денеска патува за Прилеп каде лично ќе ја прегледа состојбата во прилепското родилиште. Вели дека е отворена сеопфатна истрага како од здравствените инспектори, но и до Министерството за внатрешни работи.
| < Пред | Следно > |
|---|
|
Skopje, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
NNE
|
||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
|
|||||||
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448