Н.Б.Р.М

Реклама

AngelVoip
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Информации за Охрид
CooL.MK Маркетинг
Рекламирајте се на CooL-MK Маркетинг!

Преземи RSS

 
 
 
 
 
Почувствуван земјотрес во Македонија
Земјотрес со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала-1998, е почувствуван попладнево во 14 часот и 38 минути во северниот дел на Република Македонија.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, информира дека епицентарот на земјотресот бил 120 километри северозападно од Скопје, а неговата јачина во жариштето изнесувала 4,8 степени според Рихтеровата скала.
 
 
 
 
 
Macedonia News на Facebook
 
 
 
 
 
Бранко Црвенковски и СДСМ се лицемерни Печати Е-пошта
Вести - Флеш Вести
Недела, 07 Февруари 2010 17:33
Ставовите на Бранко Црвенковски и СДСМ за изградбата на споменици во Скопје се лицемерни, непостојани и зависат од дневно политички потреби, а на штета на општиот државен и национален интерес, обвини на денешната прес-конференција ВМРО-ДПМНЕ.

Членот на Извршиот комитет на партијата Сашо Стефаноски, како доказ за ваквите тврдења ја презентираше Програмата за споменици донесена од страна на Советот на Град Скопје, во ноември 2004 година, кога, како што рече СДСМ го имаше мнознството, а ВМРО-ДПМНЕ имаше само четири советници. - Во оваа програма, која ја гласаше СДСМ, на прво место стои дека треба да се изгради споменик на Александар Македонски, понатаму следат и останати споменици кои сега се содржат во проектот Скопје 2014 година. Сега СДСМ се спротивставува на споменикот на Александар Македонски и е против проектот Скопје 2014 и против сите споменици кои ги иницираше и за кои гласаше во 2004 година, a кои се содржани во оваа програма, рече Стефаноски додавајќи дека СДСМ и Црвенковски немаат кредибилитет и не може да им се верува.
 
 
 
 
 
 

Сместување во Охрид