Среда, 08 Септември 2010 19:27
Поттикнати од Обединетата Македонска Дијаспора, Македонците од Форт Вејн, Индијана САД во среда организираа свечено кревање на македонското знаме пред основниот суд во нивниот град
Свечениот чин почна со краток говор во врска значењето на овој ден за Македонците насекаде во светот. На насобраните се обратија Александар Поповски, заменик директор за Меѓународни студенти на Индијана - Пурду Универзитетот во Форт Вејн, и Арџи Белио, поранешен челник на одборот на православната црква Свети Никола и постојан жител на градот.
После упатните зборови, Македонците го издигнаа Македонското сонце, кое гордо ќе се вее пред судот до крајот на денот. Заради централната положба на судот во срцето на Форт Вејн, знамето ќе може да го види секој оној кој ќе пешачи покрај судот или ќе провози покрај зградата. Жителите на Форт Вејн и Обединетата Македонска Дијаспора му се заблагодаруваат на градот Форт Вејн и градоначалникот Том Хенри што им овозможи на официјален начин да го прослават овој највисок Македонски државен празник. Овој гест спрема Македонската заедница само потврдува дека личните и малцинските права строго се почитуваат во Соединетите Американски Држави. Исто така, ваквите настани ги продлабочуваат пријателството и довербата меѓу двата народи и ја зголемуваат меѓусебната соработка.
| < Пред | Следно > |
|---|
|
Skopje, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
NNE
|
||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
|
|||||||
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448