Среда, 08 Септември 2010 19:11
Поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување", СВР Охрид, поднесе кривична пријава против В.Г.(60), Љ.В.(63), Н.Н.(43), В.К.(42) и Ј.Л.(41) сите од Охрид. Истражен Судија при Основниот Суд во Охрид, на првите три пријавени им одреди мерка куќен притвор во траење до 30 дена.
Првопријавениот В.Г. во својство на службено лице-советник за правни и катастарски работи во оделението за катастар и недвижности Охрид, со искористување на службената положба и со свесно неизвршување на службените должности, на 19. март минатата година, донел решение со кое дозволил промена и упис на недвижен имот во катастар на земјиште на име на петто пријавениот Ј.Л. во површина од 613 м2, иако истиот не приложил соодветни правни акти за доказ на сопственоста на имотот ниту доказ за пренесени права врз недвижноста.
В.Г. на 24. април минатата година, издал потврда за поединачно запишување на правата на недвижностите на станбен објект на улицата „Богомилска„ од вкупно 55 станови, иако според одобрението за градба, била предвидена изградба на колективен стамбен објект со 47 станови. Со тоа, тој свесно допуштил противправен упис на 8 стана со вкупна површина од 335 м2 овозможувајќи му на петтопријавениот Ј.Л. противправна имотна корист од 167.500 евра.
Со цел, на Ј.Л. да му овозможи противправна корист, второ пријавената на 23. март минатата година, искористувајки ја службената положба (виш Советник во Секторот за Урбанизам при општина Охрид), спротивно на Законот за градење, донела решение за промена на градител, и без да обезбеди доказ во управна постапка и нотарски солемнизирани договори, извршила промена на поранешниот градител „Бетон" со физичкото лице Ј.Л. Со тоа, тој се здобил со имотни листови и право на отуѓување на 55-те станови меѓу кои и на спорните осум станови.
Третопријавениот како геометар во агенцијата за катастар за недвижности-Охрид, без писмено овластување од Агенцијата за катастар-Скопје, го заверил геодетскиот елаборат и пописните листи изготвени од четврто пријавениот В.К. и овозможил поединечни уписи на правата врз 55-те станови од истата колективна станбена зграда во корист на 5-то пријавениот.
| < Пред | Следно > |
|---|
|
Skopje, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
NNE
|
||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
|
|||||||
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448