


Вторник, 07 Септември 2010 19:43
Флеш Вести
Двајца Македонци и еден Црногорец биле лажно обвинети дека носат оружје на летот од Подгорица до Франкфур, поради што авионот на "Монтнегро еирлајнс" морал да се врати на аеродромот во Подгорица кратко откако полетал, објави интернет страната www.exyuaviation.com која објавува вести поврзани со воздрушниот сообраќај на небото од поранешна Југославија.
Според информациите на порталот, вчера откако авионот "Фокер Ф10" во 11,40 часот полетал од аеродромот во Подгорица кон Франкурф дваесет и седумгодишна девојка се обидела да влезе во кокпитот на пилотите тврдејќи дека еден црногорски државјани и двајца Македонци носат оружје.
Девојката изјавила дека ги слушнала тројцата мажи како разговараат дека со себе имаат пиштоли и дека ќе го загрозат летот.
Екипажот на авионот веднаш решил да се врати на аеродромот и да ги провери тврдењата на девојката. Но, црногорската полиција по детална проверка на тројцата обвинети патници не пронашла никакво оружје, по што тие биле вратени на летот.
Девојката која живеела во Франкфур, а е со црногорско потекло, ќе биде казнета бидејќи не го пријавила својот престој во Црна Гора. За лажните обвинувања, според информациите на порталот, нема да сноси никаква одговорност.