Понеделник, 06 Септември 2010 21:33
Група чешки новинари од денеска до 8 септември ќе престојуваат во Македонија и ќе ги посетат Охрид, Струга, Галичица, Маврово и Скопје со цел поблиску да се запознаат со туристичките потенцијали на земјата.
Посетата е организирана од Економскиот промотор на Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија за Чешка и Словачка Данчо Видов и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на земјата.
- Целта ни е да подготвиме терен и да разбудиме интерес кај чешките туристи за Македонија, за конечно земјата да влезе во туристичката мапа на чешките туроператори, изјави економскиот промотор Данчо Видов.
Претходно, со туристичките знаменитости и природни богатства на Македонија имаа можност да се запознаат и група чешки туристички работници и претставници на туристички интернет веб портали кои се фокусираат претежно на помладата популација во Чешка.
| < Пред | Следно > |
|---|
|
Skopje, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
NNE
|
||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
|
|||||||
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448