


Сабота, 04 Септември 2010 21:55
Флеш Вести
44-годишниот Светозар Тимов, жител на селото Ангелци денеска загина во сообраќајната несреќа што се случила околу 6,30 часот на околу 200 метри пред влезот во Струмица. Тимов починал на лице место.
Според полицијата, од се уште неутврдени причини, автомобилот марка „Опел сигнум“ со италијански регистарски ознаки со кој управувал Тимов, преминал на левата страна од коловозот, излетал од патот и откако неколку пати се превртел, завршил во една од нивите.
Според првичните сознанија, големата брзина со која се движел автомобилот е најверојатно причината за незгодата.