Четврток, 02 Септември 2010 23:08
Починаа и двајцата повредени во пукањето што се случи во скопската населба Аеродром. Неофицијалните информации говорат дека напаѓачот бил уапсен на патот Скопје – Велес во автомобил марка “”BMW””.
Убиените, според непотврдени информации биле припадници на МВР, а меѓу нив бил и близок роднина на обезбедувањето на премиерот Никола Груевски.
Непознато лице вечерва околу 20 часот, со калашников пукаше кон три лица кои седеле на заедничка маса со девојка во рибниот ресторан „Биг Фиш“ во трговскиот центар „Три бисери“ во скопската населба Аеродром.
Откако го извршил убиството, непознатиот сторител, кој спред очевидците бил средовечен маж, ја фрлил автоматската пушка, влегол во автомобил и заминал во непознат правец.
Првично едното лице почина на лице место, а другите двајца починаа во клиничкиот центар.
Од МВР официјално не соопштуваат детали, ниту пак ги потврдуваат неофицијалните информации. Подетални информации најавуваат за утре| < Пред | Следно > |
|---|
|
Skopje, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
NNE
|
||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
|
|||||||
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448