Четврток, 02 Септември 2010 22:26

Извор близок до истрагата наведува дека сопственикот на дискотеката Митре К. Му помогнал на Ѓорѓевиќ да побегне од Македонија.
„Очевидците укажаа дека сопственикот на локалот непосредно по убиството обезбедил автомобил, со кој Ѓорѓевиќ бил префрлен преку граница.
Има индиции дека е префрлен во Албанија. Ниеден граничен премин не забележал поминување на Ѓорѓевиќ, што укажува на тоа дека тој илегално ја напуштил Македонија“ наведува соговорникот на „Пресонлајн“, близок до истрагата. Македонската полиција најави нови апсења, бидејќи групата која го тепаше и го уби Дејан Новаковиќ броела околу 20мина.
Новаковиќ вчера беше погребан на Новобежаниските гробишта. Свештеникот по опелото ги замоли неговите пријатели да не му го забораваат семејството. „Ве молам ова семејство да не биде заборавено за 15 – 20 дена, бидејќи во ова тешко време не е лесно да имате три деца дури и кога имаат двајца родители“ рекол свештеникот.
Мајката на Дејан ,Јулија Новаковиќ, по погребот изјави дека е огорчена од негрижата на државата. „Ниеден државен служебеник не ни се јави по телефон да не праша дали ни е потребна помош. Никој не ни упати телеграма, ниту сочувство, ниту поддршка“ рекла мајката.
Другарите на Дејан се огорчени од нападот на криминалната група во Охрид, која го уби нивниот пријател. Апелираат до полицијата и судот во Македонија да го расветлат случајот и да ги казнат сите учесници. Тие велат дека нивниот другар умрел од внатрешно крварење.
„Дејан се задушил од сопствената крв. Ударот во градите предизвикал внатрешно крварење, по што дошло до гушење, а потоа му откажало срцето. Полицијата коректно ја одработи својата работа и истиот ден уапси осумчлена група која го тепаше Дејан“ изјавил за „Преслјан“, еден од другарите Дејан, кој сакал да остане анонимен.
Според него, ова убиство нема врска со македонскиот народ, бидејќи граѓаните на Охрид и самите биле згрозени од овој чин.
| < Пред | Следно > |
|---|
|
Skopje, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
NNE
|
||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
|
|||||||
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448