


Четврток, 02 Септември 2010 19:09
Флеш Вести
Официјална Атина побарала од Соединетите Американски држави да ја објаснат изјавата на американскиот амбасадор во Скопје Филип Рикер, кој неодамна изјави дека Вашингтон смета дека е можно решение без промена на уставното име и Уставот, туку само на меѓународната рефернца. Портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи, Григорис Делавекурас денеска на брифинг за новинарите во Атина рече дека таквите изјави не помагале за доаѓање до компромис, туку му штетеле на процесот.
Претходно изјавата на амбасадорот Рикер во грчките медиуми беше толкувана како поткопување на грчките позиции и поддршка на ставот на Скопје. Делавекурас изрази и надеж дека алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Димитрис Друцас на маргините на генералното собраниое на ОН во Њујорк ќе се сретне со посредникот Метју Нимиц.