Среда, 01 Септември 2010 20:07
Телото на триесет и четиригодишниот Дејан Новаковиќ од Белград, кој беше убиен минатиот петок во Охрид денеска ќе биде погребано, јавува „Блиц“.
На погребот како што е најавено ќе присуствува делегација од Охрид на чело со градоначалникот, Александар Петрески.
Македонската полиција веднаш по убиството уапси седуммина осомничени. Се уште во бегство е дваесет и деветгодишниот Драган Ѓорѓевиќ од Лесковац за кого вчера српските медиуми јавија дека бил член на криминалната група „Пинк Пантер“, во светот позната по спектакуларните грабежи на златари.
Полицијата во Македонија и околните земји трагаат по Ѓорѓевиќ.
Нему му се губи трага во петокот, еден час по убиството, кога од хотелската соба ги зел своите работи и избегал.
Како што пренесува „Блиц“, Ѓорѓевиќ не излегол од Македонија со пасош на свое име, но не се отфрла можноста дека побегнал по илегални канали или дека се крие во некоја од земјите од регионот.
Другарот на убиениот српски турист, Горан Периќ кој деновиве беше изведен на второ соочување со обвинетите за тепачката што заврши со смртни последици, отпатувал за Белград, Јавува Охридњус.
Според најавите, истражната постапка ќе продолжи со распит на нови сведоци кои не се од Охрид, а стручни лица ќе ги прегледуваат снимките од камерите од објектите кои се наоѓаат во близина на местото каде се случи трагичниот настан.
| < Пред | Следно > |
|---|
|
Skopje, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
NNE
|
||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
|
|||||||
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448