


Вторник, 31 Август 2010 20:50
Флеш Вести

Бројни полициски екипи се распоредени во центарот на Битола, кај зградата „Грозд“,.јавува битолската Тера телевизија
Полицијата засега не открива дали се работи за заложничка криза. Неофицијално се дознава дека се работи за семејна заложничка криза.
Нешто после пладне се слушнало наводно пукање. Ниту тоа пак не можеше полицијата да го потврди или демантира, не сакајки да избрзува со шпекулации. Околу зградата се и екипи на брзата помош и противпожарната единица на градот. И началникот на битолската полиција е на местото на настанот.
Станарите од зградата не коментира во камера, освен со претпоставки што се може да се случува во станот во кој живееле мајка, татко и син.
Таму се уште се и полицијата и новинарските екипи.