


Понеделник, 30 Август 2010 20:39
Флеш Вести

Две лица од струшкото село Делогожда доцна вечерва се тешко ранети и се наоѓаат во животна опасност. Имено, нешто после 19 часот на излезот од Струга, односно на самата раскрсница која води кон граничниот премин Ќафасан, се случил инцидент во кој од истрели од огнено оружје, тешко се ранети татко и син. Од МВР ни го потврдија настанот и велат дека лицето кое пукало е веќе пронајдено и приведено. Од МВР велат и дека на информативен разговор биле повикани повеќе лица кои биле сведоци на инцидентот.
Двајцата ранети, како што ни изјавија од болницата во Струга, им биле донесени со по неколку куршуми во телото и се во критична состојба. Врз нив во моментов се вршат оперативни зафати, а болницата е под целосна полициска блокада. Очевидци на настанот тврдат дека сè почнало со вербална расправија која потоа преминала во тепачка, за на крај да заврши со пукање.