Понеделник, 30 Август 2010 19:19
Македонската ватерполо репрезентација го забележа првиот пораз на ЕП во Загреб. Во натпревар од второто коло во Б групата, Грција убедливо ја совлада Македонија со 10:5 (2:2,4:1,0:1,4:1).
Победата на Грција е сосема заслужена, нејзините ватерполисти максимално ги искористија сите шанси кои им ги отворија нашите играчи, со удари од далечина лесно ја пробиваа нашата зона. Беспрекорно, грците одигра и во одбраната, каде наметнаа жесток пресинг во текот на целиот натпревар.
Клучната предност репрезентацијата на Грција ја направи во втората четвртина, нејзините играчи во тој период постигнаа 4, а примија само еден гол. Кај нашите ватерполисти видлив беше заморот по вчерашната победа над Русија, избраниците на селекторот Нонковиќ одиграа „меко“ во одбраната и анемично во нападот. Македонија и покрај поразот ги задржа шансите за пласман на третото место на табелата.
Мурикис и Миралис со по два гола беа најефикасни во редовите на Грција, кај Македонија петмина постигнаа по еден гол, а голманот Перчиниќ имаше осум успешни интервенции.
Предходно во нашата Б група се одигра и дербито на денот, олимпискиот шампион Унгарија со 9:6 го совлада светскиот првак, репрезентацијата на Србија.
| < Пред | Следно > |
|---|
|
Skopje, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
NNE
|
||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
|
|||||||
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448