Недела, 29 Август 2010 11:34
На 28.08.2010 година во 20,00 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај надвозникот за с.Д.Српци се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Застава 101“ со битолски регистерски ознаки, сопственост на Т.В., а управувано од Г.Ш.(1971) од с.Обршани-Прилеп и ПМВ „Опел Вектра“ со охридски таблички, соственост и управувано од П.Ш.(1953) од с.Велгошти-Охрид. Во незгодата починала сопатничката од ПМВ „Застава 101“, Паца Н.(1955) од с.Кукуречани-Битола, а возачот и сопатничката од истото возило В.У.(1980) од с.Воѓани-Прилеп се здобиле со тешки телесни повреди и се пренесени на лекување во КБ-Битола. Увид на лице место извршиле ИС, ЗЈО и увидна екипа од СВР-Битола.
На 29.08.2010 година во 03,40 часот во Скопје, во казиното „Сенатор“ лоцирано на бул.„Крсте Мисирков“ бб, две засега непознати лица, маскирани и вооружени со огнено оружје пиштоли непозната марка и калибар, извршиле разбојништво над вработените М.А.(1981) и Е.Д.(1988), двете од Скопје, при што им одзеле 57.580,00 денари. Разбојништвото го извршиле на тој начин што под закана со оружје им наредиле на вработените да им ги дадат парите и откако ги одзеле, го напуштиле лице местото. ПС-Бит Пазар превзема мерки за пронаоѓање на лицата.
| < Пред | Следно > |
|---|
|
Skopje, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
NNE
|
||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
|
|||||||
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448