Петок, 27 Август 2010 07:22
Во масовна тепачка која рано утрово се случи во ноќен клуб во Охрид загина турист од Белград, а неколку лица се повредени и пренесени во општата болница во Охрид. Настанот се случил околу 03:00 часот во клубот „Хавана“ во Охрид кога поради засега наутврдени причини настанала масовна тепачка во која учествувале повеќе лица. Во тепачката бил смртно претепан 30. годишен посетител на клубот од Белград, а повреден е негов другар.
Според извори на Супер радио, неофицијално, двете групи кои учествувале во тепачката биле српски туристи.
Пред десетина дена на истата локација се случи групна тепачка во која настрада еден турист од Австралија која поради банална причина бил физички нападнат од двајва охриѓани.
Двајца полициски службеници од Охрид, тогаш сакајќи да ја прекинат тепачката, при обид да ги приведат нарушителите, биле спречени од страна на други 7 лица од Охрид и Штип што на еден од полициските службеници му беше нанесена тешка телесна повреда и скршеница на показалецот на левата рака.
СВР Охрид работи на утврдување на причините на инцидентот.
извор: Супер радио
| < Пред | Следно > |
|---|
|
Skopje, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
NNE
|
||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
|
|||||||
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448