


Понеделник, 23 Август 2010 17:07
Флеш Вести

Двајца ирански државјани вчера биле откриени во камион на прилепската фирма „БМ–Транс“ во обид илегално да ја минат границата меѓу Македонија и Косово преку граничниот премин „Долно Блаце“
Како што соопшти МВР вчера во 14:00 часот, на ГП „Долно Блаце“ на излез од Република Македонија, при кординарани редовни активности од страна на полициски и царински службени лица, во ТМВ „Сканија„ со полуприколка со прилепски регистерски ознаки, сопственост на „БМ –Транс„ ДООЕЛ
Прилеп, управувано од прилепчанецот Д.Б.(50), откриени се двајца ирански државјани.
Станува збор за лицата Е.А.(33) и 17-годишниот Б.С. кој бил без документи за идентификација, а кои имале намера по нелегален пат да заминат за Косово. Во камионот кој било натоварен со иверка, иранските државјани се пронајдени во просторот за товар под церадата.
По целосно расчистување и документирање на случајот против Д.Б ќе биде поднесен соодветен поднесок, а двајцата ирански државјани се сместени во прифатниот центар за странци за понатамошна постапка.