


Петок, 06 Август 2010 07:22
Флеш Вести

Научниците од американскиот Универзитет Стенфорд веруваат дека Александар Велики, кралот на Македонија, бил отруен со вода од реката Стикс во Грција, јавува Гласот на Русија.
Се верувало дека реката била митски влез во Пеколот. Митот се базирал на вистински поток познат како Мавронери или Црна вода, што извира од планините на Пелопонескиот полуостров. Истражувачите откриле дека постои корелација меѓу симптомите на Александар Македонски пред неговата смрт и ефектите од високо токсична бактерија најдена во реката.
Славниот император од Македонија паднал болен во тек на забава во палатата Небучаднезар во Вавилон и по 12 дена агонија починал на возраст од 33 години. Многу векови наназад историчарите верувале дека тој починал од тифус или маларија.