


Недела, 01 Август 2010 18:33
Флеш Вести
Охрид и Струга викендов се наполнија. Дел поради синоќешните концерти на повеќе балкански музички групи на охридскиот пиво-фест, дел поради продолжениот празничен второавгустовски викенд.
За да привлечат повеќе гости хотелиерите деновиве ги намалија цените за половина. Во приватното сместување речиси сè е полно, па тешко е да се најдат апартмани или соби за само една вечер. Слично е и во Струга каде престојуваат поголеми групи гости од Грција и Албанија.
"Досега продадовме околу 50 тони пиво. Има многу народ, од цела Македонија и многу Србија. Најмалку по пет чаши пиво еден гостин пие"
"Втора чаша ми е ова досега. Сега почнавме. Многу убаво и сами гледате. Пиеме Каменица пиво. Супер е и ефтино е иако досега немам платено"
"Од Јапонија сум. Многу ми се допаѓа атмосферата, особено тука на плажата. Фантастично е. Јас сум студентка и дојдена сум кај мојот пријател кој е од Македонија бидејќи работиме заедно за една позната компанија".
"Со оглед на изминатиов период задоволни сме од овој дел на сезоната. Ако се има предвид дека не нè послужи времето сега сме задоволни. Очекуваме понатаму времето да нè послужи и да има ваква добра посетеност. Има гости од Србија од Холандија, Англија и цел Балкан. Нудиме традиционална македонска и охридска храна"- Љупчо Танески- угостител