


Недела, 25 Јули 2010 06:17
Флеш Вести

СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека правела театар во Собранието со кој сакала да си обезбеди алиби затоа што, како што изјави денеска Јани Макрадули, Македонија ќе добие негативни оценки во наредниот извештај за напредокот во евроинтеграциите.
- Се обидоа да најдат алиби за тоа што повторно, и покрај сите препораки на меѓународната заедница, и покрај подадената рака од опозицијата за градење на конзенсус и вистински политички дијалог власта си игра со европските перспективи на Македонија и поднесе Деловник без консензус, рече Макрадули.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ се уште има шанса да донесе одлука во интерес на граѓаните и на земјата.
- Тоа е да се изгласа посебно работно тело кое ќе го контролира трошењето на парите на граѓаните. Само така ќе потврди дека кај Груевски и ВМРО-ДПМНЕ постои искрена посветеност за ЕУ и НАТО интеграциите на Македонија, додаде Макрадули.