Петок, 23 Јули 2010 16:37

Разговорите и воопшто контактите за надминување на прашањето за името се одвиваат во Њујорк под покровителство на медијаторот на ОН Метју Нимиц, изјави денеска премиерот Никола Груевски, одговорајќи на новинарско прашање дали се водат тајни преговори како што објавија некои грчки и македонски медиуми.
- Последните неколку месеци Нимиц комуницира со двете страни многу поактивно отколку во минатото. Се надевам дека во блиска иднина ќе има некаков нов момент. Засега нема никаков нов сигнал, рече Груевски по пуштањето во употреба на новиот пат од Раштак до општина Бутел. Груевски вели дека нема информации оти Нимиц наскоро ќе дојде во Скопје.
Во врска со претстојниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација во Брисел, Груевски рече дека очекува да биде констатиран напредокот на Македонија, да добиеме натамошни охрабрувања и поттик за подобрување на останатите работи што треба да се завршат
| < Пред | Следно > |
|---|
|
Skopje, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
NNE
|
||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
|
|||||||
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448