Недела, 18 Јули 2010 21:02
Зголемена фреквенција на возила за влез и излез од Македонија и чекање од најмалку еден час има на граничниот премин Табановце, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ)Според автомото сојузот на Србија на граничниот премин Прешево, кон Табановце возилата за излез од Србија чекаат меѓу 60 и 90 минути.
На граничниот премин Богородица за Грција, според податоците на АМСМ и покрај зголемената фреквенција на македонската страна за излез од земјата се чека меѓу 15 и 30 минути. Инаку сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива нормално без забрани по суви и чисти коловози.
На патниот правец Ресен-Битола преку планинскиот превој Ѓавато сообраќајот сеуште се пренасочува по стариот пат, а градежни работи се изведуваат и на патниот правец Куманово – Табановце.
Појавата на поситни одрони има на патните правци Катланово - Велес, Демир Капија - Удово и Маврово - Дебар.
| < Пред | Следно > |
|---|
|
Skopje, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
NNE
|
||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
|
|||||||
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448