


Четврток, 15 Јули 2010 06:02
Флеш Вести
Повеќе од 5.000 граѓани годинава ќе учествуваат во манифестацијата “Крушево Етно град“ која има за цел да го врати градот во живот преку туристичка промоција. Манифестација ќе биде отворена пред споменикот Илинден во Крушево.
“Граѓаните од Крушево се веќе наоружани со комитски,турски и чорбаџиски носии,Оваа година современите светлечки реклами на дуќаните се заменети со рачно испишани, нови имиња како во времето на 1903. Хотелите широко ги отваарат вратите за сите посетители кои доѓаат на Крушевчани да им ја честитаат новата борба во ова востание, од секоја страна се слуша ’Со среќа јунаци’ , ’Да живее туристичко Крушево’“, се вели во соопштението од организаторот на “Крушево Етно град“ Ранко Петровиќ.
Лани, кога за прв пат беше организирана оваа манифестација, доби одлични реакции во јавност, Би-Би-Си направи специјална репортажа од случувањата во Крушево, а подоцна манифестација освои многу европски награди за развој на туризмот.
Годинава Крушево Етно град се организира со поддршка од Унеско Бресце,преку италијанското министерство за надворешни работи, македонското Министерството за култура и Општина Крушево.