


Недела, 27 Јуни 2010 19:29
Флеш Вести
СДСМ денеска на прес - конференција оцени дека протестниот митинг покажал оти граѓаните го победиле стравот и застануваат цврсто против криминалот, корупцијата и сиромаштија, но и дека власта е во паника.
Игор Ивановски, член на извршниот одбор и пратеник на СДСМ меѓу другото тврди дека на партискиот митинг имало околу 50 илјади лица, споменувајќи повторно предвремени парламентарни избори.
- Ова е дефитинивно будење на народот. Затоа денес им порачуваме, да не им лета умот дека можат со насилни методи да го сменат расположението и волјата на народот. Што и да се обидуваат, бадијала им е. Може да пуштаат уште сто пати негативни спотови платени со народни пари, може нивните партиски мегафони да ги повторуваат истите лаги, но едно треба да знаат, за предавството на македонскиот народ под маската на лажниот патриотизам наскоро ќе одговараат, рече на денешната прес - конференција Ивановски.