


Недела, 27 Јуни 2010 19:11
Флеш Вести
Обвинителството во Бугарија покренало обвиненија против организаторите на фаталното патување во Охрид на бугарски државјани лани во септември, кога 15 Бугари загинаа при потонувањето на бродот “Илинден“ во Охридското езеро, јавува бугарската новинска агенција “Новините“.
Борјана Георгиева нудела услуги како тур оператор иако немала лиценца за тоа, се наведувало во обвинението, пренесува агенцијата.
Бугарските туристи се удабија на петти септември лани кога бродот “Илиден“ потоа на само 200 метри од брегот во водите на Охридското езеро додека патуваше од охридското пристаниште кон манастирскиот комплекс “Св. Наум“.
Истрагата за несреќата што ја спроведуваа македонските власти беше затворена на крајот на март.