Сабота, 04 Февруари 2012 21:18
Сите нејзини структури по хоризонтала и по вертикала. Јас како претседател, сум носителот на овој процес. Она што го познававте како ВМРО- Народна партија веќе не постои, згасна и се претопи, вели Марјан Додовски во последното интервју .
Мачната атмосфера во партијата и немањето можност да придонесат со нивните знаења во реализацијата на напредокот на државата, биле пресудни за тој чекор.
Петок, 03 Февруари 2012 17:39
Лап-топ и 60.000 евра се украдени од автомобил кај хотелот „Арка“ кај Бит пазар, соопшти полицијата.
Педесет и девет годишниот скопјанец Е.Т. останал без 60.000 евра и лап-топ, откако непознат сторител ги украл од неговиот автомобил.
Тешката кражба се случила вчера во период од 17.15 до 17.25 часот во близина на хотелот „Арка“ на Бит пазар.
Петок, 03 Февруари 2012 14:22
По иницијативата на Здружението на граѓани Христо Узунов за одржување на дебата за подигање на цените на водата и комуналиите во Охрид ,како и продажбата на Проаква и загрозувањето на статусот на вработените во претпријатието , увидовме дека се случува минимизирање на овој проблем и оваа наша иницијатива.
Среда, 01 Февруари 2012 18:53
По долго и тешко боледување, денеска во Скопје на 44 - годишна возраст почина Натали Сотировска, новинар во дневниот весник "Дневник", објавува електронското издание на весникот во кој работеше.
Натали Сотировска повеќе од 15 години се занимаваше со истражувачко новинарство. Во текот на својата кариера таа покриваше повеќе области, а во македонското новинарство ќе биде запаметена како врвен познавач на состојбите во областа на судството и борбата против корупцијата
Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел на 02.02.2012 година од 11:30 до 12:30 часот, а закопот ќе се одржи во 13 часот.
Вторник, 31 Јануари 2012 20:50
Државното знаме повторно се вее на јарболот пред општина Струга, заедно со албанското знаме, јави попладнево порталот Ohrid News.
Претходно знамињата беа извадени, со образложение дека биле оштетени под влијание на временски фактори.
Од локалната самоуправа истакнаа дека се набавени нови знамиња кои денеска беа поставени на јарболите. Во меѓувреме на местото на државното знаме беше поставено исламско знаме, кое подоцна беше симнато.
Вторник, 31 Јануари 2012 20:09
Сојузот на Македонците со исламска религија апелира до муслиманското население во Струга и струшко вевчанските карневалски маски да не се заменат со маски на омразата и одмазадата, затоа што Господ е еден, независно од обраќањето кон него.
Духовните светилишта, џамиите и црквите се богатство на народите и културите во верата кон Бога и грев е пред Господ нивно сквернавење без никакво оправдување и поради никакви мотиви.
Вторник, 31 Јануари 2012 17:40
Mинистерката Гордана Јанкулоска во писмена изјава апелира граѓаните од Струга и околината да не подлегнуваат на провокациите и јасно да покажат дека иднината е во меѓуетничкото и меѓурелигиското почитување.
Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки за расчистување на инцидентите во Струшко, откривање на лицата кои стојат зад нив и нивно изведување пред надлежниот суд.
Страница 1 од 50
|
Skopje, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
NNE
|
||||||
| Детална Прогоза | |||||||
| Одберете го вашиот град... | |||||||
|
|||||||
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448