Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ (Сабота, 04 Февруари 2012 21:18)
Флеш Вести: Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил (Петок, 03 Февруари 2012 17:39)
Флеш Вести: Најавени протести пред Општина Охрид (Петок, 03 Февруари 2012 14:22)
Флеш Вести: Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска (Среда, 01 Февруари 2012 18:53)

Macedonia News

Кога лисјата пагјаат среде долината на волците

PDFПечатиЕ-пошта

Колумна - Џими

Петок, 17 Декември 2010 17:44

Море како телевизиоман сум станат. Ман сум одавна , ама телевизио сега се сторив. Све сакам да гледам. Абре ништо не пропуштам. И пази. Внимателен сум. Сајдис му прам дури и на трет канал. Да бе. Редовно си гледам Монти Пајтон. Многу поучен канал. Ептем. Образовен да не речам. Ама ете реков. Ги терам и децана да го гледет за да научет како да не се глупирет, кој зборој да не ги употребвет, да видет колку е лошо да му речиш на некој глуп, ќор, недоветен, кодош, пучи газ....Дури мислам дека е попоучна од "Бушава азбука". Е додуша нешто е бушаво ама не ќе да е азбуката.
Реков гледам све. Ама се заљубив во она последнана серија шо трајт од пред некоја недела
„ Кога  лисјата паѓет среде долината на волците".  Две во едно. Ги измешаа ликојте ама поентата за малку ќе беше јасно. На крај краишта нека останит нешто и на маштата на гледачот. Нели??

Едно не ме бендиса. Шо паралелно ја даваа на две телевизии. И на В1 и на Лател. Абе се искршив со даљинсконо. А на една а на друга. Зш морав све да видам. И лисјата како паќаат и волците како ржат. Ваква серија немав гледано одавна. Многу убо режирана. Преубо. Само нигде не прочитав кој е режисер. Мада и не битно. Преуба беше. И е. Зш уште трајт и ќе трајт....трајт....трајт...

А шубо почна. Лелелел. Од нигде никаде цела фамилија Текин во паника. Лелеле се неажив. Уклучвам В1 ко глем упад во куќана на Вели Риза од  извршителине од банкана шо го зеде кредитот. Лелеле паника.  И јак мајстор на камера имаше. Ту горе го гледам Боркет испаничен, тук до него Биљеврие во паника. Едно време излезе и Младкет Чадоглу. Све паника. А долу пред врата Неџла и Лејла пискет ли пискет. Не может да си влезат кај тато Вели Риза. Колку шо приметив овие шо не ги пуштаа ги кубеа за нозе. Ем кој им е крив шо не се депилирани шо шетет со мустаци на нозете.

Данк вртам на Лател ТВ. Напраено интересно. Цела фамилија таму од Џем. Тврдит дека не се извршители ами како сватој тргнале кај Вели Риза за Неџла, ама така излгедале дека се облекле во народна носија. Све убо му објасна на онај со забине како плочки за в клозет. Овај мирно си го ислуша и ни збор не рече против Вели Риза. Ни дека е крадец ни дека е мафијаш ни дека не плаќат данок ни дека сакат да ја уништит фамилијата на Колат нишо.

Опааа нзазат на В1. Ко таму на чај сите пријатели на Вели Риза. И да виш во невоља како се зближвет луѓево. Во дојдените имаше и некој шо очи нејќет да му видет на Вели Риза а пак дојдоа да му помогнат да не му конфисковет , шифоњери, телевизори, папучине за гости ко ќе дојдет, плинскион бојлер и многу други важни рабоќе.

Само едно ме изненади. Неџла, Лејла, Младкет, Биљеврије , сите да не речам во паника, заради таткото на фамилијата а него го немат. Едно време се уплашив дан го имат пак акнато срцето ама се сетив. Си реков гарант е ојден по некој гранапчиња да зејт смоки, кикирики, семки од тиква, од сончоглед, да прикупит папучи зш многу гости му дојдоа, сокчиња...така ситна роба за да ги пречекат гостулината.

Лател ТВ. Таму конечно татко му на Џем. Објасна на сватот Вели Риза. " Абре не се то извршители. Не должиш ти ништо. То шо зеде кредит за Младкет ако требит народот ќе го вратит или ако требит тој нека си ојт затвор, шо врска имаш ти со то. То свате се роднините наши, идаме да ја зејме Неџла". 

Повеќе...

 

Али ние сме ПЈРМ-овци или саде овци

PDFПечатиЕ-пошта

Колумна - Џими

Среда, 10 Ноември 2010 23:00

Нарцис бил едно многу младо и убаво момче кое било заљубено во својата убајна. Заради то одело секој ден на едно езеро кај шо се пулело и се вџашвело од својата убајна. Арно ама еден ден се лизнал стрико Нарцис, паднал и се удајл во езерото. Езерото почнало да плачит, да се трештит кога поминале горските вили и му рекле да не плачит, да не се мрсулајт, бог да простит Нарциса. Сега то е. А пак езерото им рекло: „Не оти исприштев по Нарциса заради него. Туку тој ко ќе си се гледаше во мене, јас во очите негој си ја гледав мојата убајна." И најго сега крајот на муабетов.  

Е сега. Од овај случај од некош, па наваму, се воведвит терминот „нарцисоиден„. Демек некој кој е многу убав си е заљубен во самиот себе и џанам од него поубав на светот немат. И така е. Ако си си убав прчи се ко паун и мисли си дека си најубав. Нарцис навистина бил лепотан и можда то му давало за право да си мислит така. Арно ама пак во денешно време некој фраерчиња, та локални та државни,  поинаку го сваќет ова. За све шо ќе напрает си мислет дека најубо го прает, никој ко нив немојт да напрајт, а згора на то те убедвит дека аку ти не осеќаш ама ти е убо. Значи според мангупчињата не е битно шо е напраено туку ти дал осеќаш или не.

То ти е исто ко еве на пример денес јас да се слечам, тро да полежам на некоја манука, да станам и негде после некој месец да збифтам и да се истресам, та на двајцата да ни е убо. Мојт вака? А? Крастајци мојт. Ама имат луѓе кој не убедвет во то. Мада не мие криво шо ме убедвет туку ми идет да си ги изгризам дисаѓиве шо мислет дек им вервам. Е овие фраерчиња, во денешно време се нарцисоидни. Само шо работава е таква да му се плукнам, незнајш дал се нарциси тие  или пак езерото. З,ш толку претервет во самозаљубеноста и не само шо мислет дека им вервиш туку бре верват во то шо го зборвет.

Повеќе...

 

„Кај нас лаже кој ќе стигне- Жално е што нема кој да ти пружи заштита“

PDFПечатиЕ-пошта

Колумна - Колумни

Недела, 30 Октомври 2011 08:54

jas-sum-makedonec„После тешкиот транзиционен период оваа мaла земја на Блаканот конечно доживеа благосостојба.
Насекаде среќни луге чии што лица зрачат со задоволство, убавина, љубов и самодоверба.
Стопанството доживеа ренесанса, невработени нема, сиромашни ич, буџетот е преполн,
артистите во МНТ имаат плата од 4000 евра, национална нетрпеливост нема, кафеаните работат нон стоп
2 милиона луге живеат во слога југомагнат, љубов и разбирање...“ Се сеќавате на овој скеч на К-15? Нормално дека се сеќавате ,не само што ништо не се оствари од предвиденото и може да се додаде дека оваа мaла земја на Блаканот конечно доживеа благосостојба сите лажат на сите страни ,а најголеми лажачи се државните институции,за кои нажалост имаме само приказни...

Повеќе...

   

Одбележани 140 години од раѓањето на Гоце Делчев

PDFПечатиЕ-пошта

Вести - Македонија

Недела, 05 Февруари 2012 00:05

g.delcevpanihidaСо литургија и свежо цвеќе беа одбележани 140 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Митриополитот на Скопската епархија Кирил во панихидата за Гоце и за другите жртви од илинденскиот период рече дека не пожалиле херојски да умрат за слободата на татковината, „за да живеат овенчани со ореолот на вечна слава“.

Повеќе...

 

Во чест на Тоше

PDFПечатиЕ-пошта

Колумна - Џими

Сабота, 16 Октомври 2010 18:24

Три години во неповрат. Три години те нема. Три години без тебе. Без твојата песна, без твојата добрина, без твојата хуманост, без твојата насмевка, разбирање за секого, ангелски глас....без твоето ....ВЕ САКАМ СИТЕ. Кога те снема се мислевме како сега без тебе? Како ќе се прават концерти без тебе, како ќе има хуманост без тебе...како ќе се слуша песна твоја, а ти да не си на стадион. Но...ете...трета година сме без тебе и без се што е твое.

А не дека свативме дека мора да бидеме без тебе па се навикнавме на тоа. Не. Ние уште немаме сватено дека те нема тебе, твојот глас, твоите концерти, твоето ВЕ САКАМ сите. Уште се надеваме дека од некаде ќе го кажиш тоа, дека ќе те видиме кај Весна во емисија, на концерт....секаде. Но те нема. И не само што немаме сватено дека ни замина. Јас мислам дека не ни сакаме тоа да го сватиме. Не сакаме да го прифатиме тоа. Не сакаме да ја прифатиме вистината.  Не сакаме да ти "дадеме" мир онаму каде го заслужува секој ангел да го има.

Многу тешко ги слушаме твојте песни. Некогаш го мразам ЦД-то, радиото, го мразам се она од каде допира твојот глас, зошто знам дека од пред три години па цел живот, а и понатаму до нас ќе допира само глас. Ќе се занесам во некоја твоја песна и ќе се фатам самиот себеси како се лажам дека од како ќе згаснам ќе прочитам некоја твоја изјава. Гасам и се лажам себеси дека наместо радиото згасна ти, згасна твојот живот.

Она што ми прави да ми е така тешко е токму тоа што од како згасна твојот живот ние сите дури тогаш го сватиме твојот начин на живеење, тогаш свативме што сакаше, што не сакаше, што те мачи , што те радува, тогаш ги свативме твоите пораки. Сега свативме и дека твојот живот е уморна приказна, скинати страници....празни...не испишани.... А зошто пред тоа не?? Тоа ме мачи!!

Повеќе...

   

Страница 1 од 46

Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга