Н.Б.Р.М

Реклама

AngelVoip
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Починаа и двајцата ранети во нападот во скопската населба Аеродром

Починаа и двајцата повредени во пукањето што се случи во скопската населба Аеродром. Неофицијалните информации говорат дека напаѓачот бил уапсен на патот Скопје – Велес во автомобил марка “”BMW””.

Убиените, според непотврдени информации биле припадници на МВР, а меѓу нив бил и близок роднина на обезбедувањето на премиерот Никола Груевски.

Непознато лице вечерва околу 20 часот, со калашников  пукаше кон три лица кои седеле на заедничка маса со девојка  во рибниот ресторан „Биг Фиш“ во трговскиот центар „Три бисери“ во скопската населба Аеродром.

Откако го извршил убиството, непознатиот сторител, кој спред очевидците бил средовечен маж, ја фрлил автоматската пушка, влегол во автомобил и заминал во непознат правец.

Читај повеќе...
Macedonia News | 
 
 
 
 
   
 
 
 
 
Еден убиен и двајца ранети во скопски Аеродром
Вести - Македонија
Четврток, 02 Септември 2010 22:10

Со калашников в раце влегол и изрешетал тројца додека јаделе во рибниот ресторан. Излегол, ја фрлил пушката пред влезот и избегал.

Еден починал на лице место, другите двајца со тешки повреди се пренесени во Ургентниот центар каде се уште трае операцијата.

Со пискотници минувачи, тинејџери од блиската сендвичара во паника бегале насекаде низ скопски Аеродром.

Се слушале рафали низ целиот блок. Станарите од соседните згради шокирани од пукотниците но и од ладнокрвноста на убиецот.

Од МВР не го откриваат идентитетот на убиениот и на повредените. Детали нема ниту за убиецот.

Полициски извори за А1 велат дека сите тројца се припадници на МВР. Убиениот бил висок функционер во МВР од Велес - дел од личното обезбедување на министерката за внатрешни Јанкулоска.

Еден од повредените пак бил баџанак на член на обезбедувањето на премиерот Груевски.

Повеќе...
 
Преседателот Иванов на ифтар во Дебар
Вести - Македонија
Четврток, 02 Септември 2010 19:16

Да покажеме дека во Македонија секогаш се живеело заедно и така ќе се живее во иднина, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов од ифтарската вечера во дебарското муфтивство

Во средата навечер Претседателот Ѓорге Иванов присуствуваше на ифтарска вечера во Дебар, заедно со претседателот на Исламската верска заедница, реис ул улема ефенди Сулејман Реџепи, со градоначалниците на соседните и други градови од Македонија, пограничиот албански град Пешкопеа, претставници на МПЦ и старешините на дебарското муфтиство и на дебарската парохија.
„Навистина ми е чест да бидеме тука во Дебар, градот кој што има стара традиција за гостопримство.

Заради тоа во разговорот со претседателот на државата, дебарското муфиство го избравме за наш домаќин на ифтарска вечер на Претседателот, што станува традиција која ја почнавме лани од Гостивар и ќе ја продолжиме и наредните години“, порача Реџепи.

Дебарскиот муфтија Ружди Љата потврди дека соживотот и вековната верска толеранција се одлики на Дебар.

Заблагодарувајќи се на гостопримството претседателот Иванов рече дека Дебар од секогаш бил пример како луѓето живеат сплотено.
Повеќе...
 
Целта на СДСМ „не е да ја вразуми, туку да ја симне власта
Вести - Македонија
Среда, 01 Септември 2010 19:43

Црвенковски на прес конференција со новинарите рече дека секој што тврди оти во 1994, 1995, 1996, 1997 или било која наредна година кога СДСМ бил на власт, им била дадена понуда за членствово НАТО и преговори со ЕУ под привремената референца, а тие ја одбиле, е ноторен лажго или тотален идиот.

-Ве молам прецизно да запишете и да пренесете: ноторен лажго или тотален идиот - додаде лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски во своето обраќање.

Ваквото тврдење е пропаганден проект што нема логика, рече тој.

Црвенковски побара да се проверат архивите во Владата, Претседателот на државата и во Министерството за надворешни работи за да се утврди веродостојноста на тврдењето.

Антонио Милошоски, македонскиот шеф на дипломатијата, смета дека ваквата изјава се однесува и на европратеникот Бернд Поселт, кој во Македонија изјави дека опозицијата не смее да оди во Брисел и да ја кодоши власта, туку треба да работи во интерес на својата земја.

- Ваквите навреди изнесени од страна на Црвенковски кон пратеникот Поселт, повеќе зборува за политичката некултура на Црвенковски отколку за пријателите на Македонија кои се залагаат во ЕП ние да го добиеме заслуженото внимание. Некои политичари во Македонија својата надменост и недостаток од аргументи се обидуваат да го компензираат со навреди кон други. Црвенковски со таквите изјави навредува еден човек, пратеник, германски политичар кој 16 години ја добива довербата од гласачите кои ги претставува во ЕП и кој е еден од најистканатите пријатели на земјава кој во секој свој настап се залага Макеоднија да ги започне преговорите за полноправно челнство во ЕУ - изјави Милошоски.

Повеќе...
 
ОПЕЛО за Охрид
Ниво на корисникот: / 4
НајлошоНајдобро 
Џими - Колумна
Четврток, 02 Септември 2010 18:49

Негдека прочитав наслов: "Заврши ли сезоната во Охрид ?". Нц нц нц. Јас викам не. И то одлучно НЕ. НЕ. Силно, јасно и гласно како дедо Тито на Јозефа Висерјоновиќа дедо Сталина- НЕ. Ами ало море како да зарвшит нешто шо не ни почнало. Која сезона? Летната? Која?

Мислиш на сезоната  која имаше цени високи како јасика? На таа? Е баш цените се високи како јасикине а јасикине страчкине ги серат. Да бе. И сезоната се посра. А како да не се посерит во однос на цените кога кај летница еден пелинковац и една мастика платив 200 денари. Се понудив да платам 300 да си купат цело шише мастика.

Која сезона? Сезоната полна со келнери на кој слободно можеше смрт да им нарачаш. Келнерки кои нон стоп беа со симптоми на ПМС? " Да не сакаш и домати масата да ти избришам?" Не бре срце домами. Овде кај шо седат гости на кој му наплатвиш чаша пијалок како калап злато гуско. Ти требит да ја избриши. Ама пред то да ја измијаш косата па макар и нечешлаја биди така како празојперје, ама не мрсна.

А шо требеше да понудиме да ја имаме сезоната? Појма немам и нејќам да се замарам. Некој земат плата за то. Знам шо не требеше да понудиме, а понудивме. Како на пример српски турбо фолк. Лесковачки роштиљ среде Охрида града и ред други работи за кои веќе имам јадено трици ( и не само јас ) а никого ич не го болит мочалото за то.
И на крај? Неколку тепачки и едно убиство. Да бре и то го понудивме. За жал. Нека му е вечна славата на Дејан, но мора да признајме дека ние му ја дадовме. Да во Охрид. Капак на све. Капак на цел однос на нашата власт.  Како локална, така државна. Срам и за локалната и за државна.

Повеќе...
 
Стружанец со кајак преку Охридското езеро
Вести - Македонија
Среда, 01 Септември 2010 19:18

Деведесет километри долгиот пат по вода од Струга преку Охрид, Свети Наум, Подградец и Лин во соседна Албанија и повторно назад до Струга по Охридското езеро, на 8 септември за Денот на независноста на Македонија, се подготвува да го помине стружанецот Ристо Чуркоски.

Тоа ќе го стори, не со брод или чамец, туку со кајак. Идејата е да се упати и силна политичка порака за зближување на двата народа.

„Овој подвиг нека биде поттик за подобра соработка. Потребна е соработка особено помеѓу младите од двете земји. Многу малку го користиме нашето езеро за жал. Ваково езеро со вака чиста вода и убавина и надморска височина ретко може да се најде во светот.

Езерото да го поминеш со кајак е друга порака“ вели Чуркоски.

Имено, пораката и идејата е од Охридското езеро да се направи своевиден балкански Ла Манш, по урнекот на овој морски канал меѓу Франција и Велика Британија. Чуркоски планира од наредната година да се организираат и маратонски трки со кајак по истата оваа маршута со учество и на врвни светски кајакари.

„Планираме ова да стане една традиција и Охриското езеро да го направиме Ла Манш за кајакарите, да биде предизвик да го извеслаат езерото како што е предизвик за пливачите Ла Манш.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 1 од 149
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
читај на Твојот телефон 
Не го користете мобилниот додека возите